Шеснаесет македонски фармери ќе заминат во Холандија
Шеснаесет фармери од Македонија ќе заминат за Холандија на обука за стекнување стручно образование за управување на земјоделски задруги.
Федерација на фармерите на Република Македонија во партнерство со„ Horti-Match“ од Холандија го објави огласот за учество на обуката која опфаќа 14 дневен престој во Холандија за време на есенскиот период. Ќе се изучуваат притоа теми кои се клучни за воспоставување на успешно управување со земјоделски задруги, како организациски модели, трендови и предизвици, претприемништво, поддршка на ранливи групи, како и посета на задруги.
Трошоците за храна и сместување, обуката и повратен авионски билет до Холандија се покриени од програмата. Истоа така, информативни сесии за културна и јазична подготовка на учесниците ќе се реализираат во летниот период од страна на Фондацијата Агро-Центар за Едукација.
Краен рок за пријавување е 23-ти јуни, до 23 часот.
Слично
