Шербеџија ќе го „ослободува“ Скопје за 2,1 милиони евра
Актерот Раде Шербеџија утре во улога на режисер почнува да го снима својот долгометражен филм-првенец „Ослободување на Скопје“. Првата клапа ќе падне во Велес, а ќе се снима и на локации во Битола и Скопје.
Вкупниот буџет на филмот изнесува 2.110.000 евра, од кои 1.250.000 евра ги додели Агенцијата за филм на Македонија. Поддршка на филмот даде и европскиот фонд „Еуримаж“, кој му даде додели најголема поддршка што ја дава, 15 отсто од буџетот, односно околу 316.000 евра.
„Пред пет години не добивме поддршка од Филмскиот фонд, веројатно имало подобри сценарија од нашето, но затоа пред две години ни одобрија. Се сретнавме и со премиерот, кому му се допадна сценариото и затоа го поддржаа“, рече актерот Раде Шербеџија, два дена пред почетокот на снимањето.
Слично
