Шеик ја „оживува“ вилата на Тито, ќе стане резиденција
Вила на Власинско езеро која му припаѓала на Јосип Броз Тито, претседател на СФРЈ е продадена на шеик.
Арапскиот шеик решил да ја реновира во Титова резиденција.
Оваа вила е изградена во 1952 година кога е изградена браната и е наполнето езерото.
Четири хотели на претпријатието Европа од Сурдулица и вилата ја купи шеик од Катар лани.
По реновирањето објектот ќе се вика Власина - Титова резиденција.
Последните неколку години многу странски инвеститори се заинтересирани за купување имоти на Власинско езеро.
Инаку за Тито вили се градени во сите републики од поранешна Југославија.
Слично
