ШАНСА ЗА РАБОТНИЦИ ОД ТРЕТИТЕ ЗЕМЈИ: Австрија очајно ги бара овие професии!
Шефот на кујна во просек заработува нето помеѓу 2 500 и 3000 евра месечно, така наречен „су-шеф“ околу 2 000 а готвач од 1600 до 1800 евра, пренесе Нокер-Шварценбахер, која и сама управува хотел.
Австрискиот туризам е познат ширум светот по гостопримството и одличната кујна, но угостителите се потешко наоѓаат готвачи и келнери, предупредува претставничката на секторот во Економската комора на Австрија Петра Нокер-Шварценбахер барајќи овие две занимања да се зацврстат меѓу кадрите кои и недостигаат на Австрија како би се довела работната сила од земјите надвор од ЕУ, како што се Србија или Босна и Херцеговина и балканските земји.
Таа во разговор со новинарите, признала дека работата на готвач и келнер е многу стресна, но и додала дека цената ја одредуваат со соработниците.
Плаќање само врз основа на колективен договор, според нејзините зборови, поради недостаток на работна сила, на себе не може да си дозволи ниту еден угостителски објект.
Ширум Европа моментално се бараат 433 575 готвачи, а на целокупното германско подрачје околу 208 000, ширум Австрија 14.367, додала таа.

„Австрија сама себе си пука во колено ако во оваа област продолжи да го штити својот пазар на труд“, рекол Александар Раунер, референт во Економската комора.
Тој рекол дека оваа економска гранка сака да добие можност да вработи готвачи од таканаречените трети држави, како што се земјите од балканот.
Инаку, според податоците на Економската комора, моментално има околу 49 000 угостителски објекти и 16 000 хотели.
„Јасно е дека недостасува квалификувана работна сила и затоа сакаме готвачот да се заврсти во листата недостасувачки профили на пазарот на труд“, апелираше Нокер Шварценбахер укажувајќи дека бројни угостители пред се на западот на земјата, имаат проблеми да го пополнат бројот на вработени на почетокот на сезоната.
Изминатите години австриските угостители бројни работни места во сервис или кујна добро ги пополнуваа работници од Германија, но бидејќи германскиот пазар на труд се опорави, се помалку Германци доаѓаат да работат во Австрија.
Во западните покраини, како што укажала, многу е тешко да се најде готвач, отколку на истокот на Австрија. Така во Виена постои далеку поголем број на готвачи кои се на располагање отколку во Тирол.
Ако готвачите се внесат во листата на недостасувачки профили, таканаречени трети земји би можеле да се доселат и да се вработат кај одреден работодавач.
