Економија, финансии, бизнис

Контакт

ШАНСА, ШАНСА, ШАНСА: Бараат работници од Балканот

ШАНСА, ШАНСА, ШАНСА: Бараат работници од Балканот

Западен Балкан спаѓа во главните региони со кои комуницира Центарот за посредување на странска работна сила во Германија.

После него доаѓа Северна Африка, но интересни се и некои оддалечени земји како на пример Мексико.

Зад масите, одвоени паравани, седат жени и мажи. На главите имаат слушалки со микрофон, пред нив-работници. Она што изгледа како класичен кол-центар, всушност е Виртуелен центар за добредојде на германската Централна агенција за посредување на странски работници и експерти во Бон. На германски и англиски по потреба и романски, албански и на други јазици, туку се одвива телефонско советување.

„Србинка сум, школувана медицинска сестра. Говорам малку германски, но уште немам официјална потреба“...

„Јас сум Мароканец, би работел како возач на камиони, но дали мојата возачка дозвола се признава? Ова година имаше околу 175 000 такви повици од најразлични земји.

Притоа, телефонската централа е само едно од местата каде е активен ЗАВ кој работи во состав на германската Сојузна агенција за работа. По пат на електронска пошта, стигнале 32 200 барања, а  4000 луѓе го контактирале Центарот преку интернет портали, во вид на пишана комуникација во живо.

Германија сега активно бара квалификувани работници-во рамки на ЕУ, но и надвор од неа. Главен регион е Западен Балкан, следи Северна Африка, но во фокус се и некои оддалечени држави, како што е на пр Мексико. Посебно се бараат инженери, на пример во машиноизградбата, но и сметководствени експерти, вели Карстен Клаин претседавач од управата на ЗАВ. Освен тоа, голема е и побарувачката за негуватели, и медицински персонал.

„Постојат и занимања кои се дефицитарни само во поедини региони на Германија, на кои им се потребни да речеме, возачи или организатори на шпедиција“.

Знаење на германски-каде е потребно, каде не е така важно

Покрај одговарачките квалификации кои мора да бидат поткрепени со сведоштва, друга голема препрека на патот кон вработување во Германија е -јазикот. Нивото на знаење кое се бара зависи од конкретното занимање. Во ИТ браншата знаење на англиски е одлучувачко, но во областа на нега, како и во хотелиерство и угостителство, каде е важен директен контакт со клиенти или пациенти, кандидатите мора да говорат доволно добро германски да можат добро да се разберат , објаснува Клајн. Мора да разберат што сакаат гостите и да бидат во состојба да ги читаат германските текстови и пишуваат на германски.

Агенцијата ЗВА работи заедно со бироа за бработување во партнерски земји-моментално посебно интензивно со партнерите од Западен Балкан.

Слично

Поврзани вести