ШАНСА КОЈА НЕ СЕ ПРОПУШТА: Австријци нудат 1 300 евра месечно, стан, храна и 13 плата!
Околу 25 000 сезонци од Славонија кои со години работеле во туризмот на Јадранот, се отселиле во странство.
Истовремено додека хотелиерите бараат работници, Австријците им нудат 1300 евра месечно за работа како келнер, стан и храна, 13 плата и добар бакшиш. Ако мислите дека хотелиерите овие денови задоволно ја бројат заработката и се одмораат до следната сезона, бидејќи мнозинството ги затвориле објектите, во заблуда сте.
Тие веќе ја почнале својата втора овогодишна трка за сезонски работници која ќе трае цел декември односно се додека не пронајдат доволно келнери, готвачи, собарки, рецепционери и втор „бел персонал“ за сезоната 2017. А им недостигаат дури 20 000.
Само што скрпија луѓе за одржување на минатата сезона, ги дочекал истиот проблем за следната работна година. А колку тој е голем и тешко решлив најдобро сведочат фактите дека менаџерите за кадровски прашања во туризмот, угостителство и хотелиерство, никогаш не се упатиле во потрага за работници во Славонија и БиХ.
Најголемите хотелски компании веќе со денови огласуваат отворени конкурси со потреби за работници во сезоната 2017, но во исто време исти обучени кадри од Хрватска за работа во угостителство бараат и угостители од Австрија и Словенија.
Затоа меѓу хотелиерите, посебно оние кои завршуваат големи туристички инвестиции во хотели со висока категорија, завладеала вистинска паника околу тоа дали на време ќе пронајдат и резервираат работници за сезоната, па не чуди што веќе пред месец дена тргнале во потрага.
Во тек се , имено , инвестицоиони палнови на туристички компании во кои овогодишните вложувања се проценуваат на околу 5 милијарди куни, со реновирање или отворање на околу 40 хотелски објекти во 2017 година.
Кој во нив ќе работи, е прашање на кое работодавците овие денови забрзано бараат одговор. Бидејќи, кој прв резервира работник и му понуди договор за сезона, му го „украл“ на некој друг кој ќе задоцни.
Дека Славонија нема да биде расадник на сезонски работници за туризам од Истра до Дубровник во 2017, потврдуваат бројките по кои илјада работо способни млади луѓе неделно заминуваат од Хрватска во странство, а токму од Славонија најмногу. Во славонските градови велат дека секоја недела едно дете е испишано од школо бидејќи родителите се селат во странство.
Како и претходните години, најбарани се келнери, готвачи, собраки и помошен персонал во кујна, кои со малку среќа и добар труд може за себе да го изборат статусот „постојан сезонец“.Таквиот статус се стекнува ако континуирано работите најмалку пет месеци кај ист работодавец и кај него ќе работите најмалку три сезони.
Во тој статус, за разлика од обичните сезонци, имаат право после шест месеци работа и добиваат три месеци целосен надомест од Заводот за вработување и уште три месеци пола надомест со суфинансирање доприноси за продожено пензиско осигурување.
