Сенатот на САД усвои предлог закон кој ќе го легализира отклучувањето на телефоните
Сенатот на САД усвои предлог закон кој ќе го легализира отклучувањето на телефоните после истекувањето на договорот. Сличен предлог помина и во другиот дел на американскиот Конгрес, во Претставничкиот дом.
Во октомври 2003 година Конгресот донесе одлука која условува, отклучувањето на телефоните купени после јануари 2003 година да стане легално.
Многумина покренаа петиција против оваа одлука, а конечно и Барак Обама и новите претседавачи на ФЦЦ влијаеа на тоа Конгресот повторно да го направи легално отклучувањето на телефоните.
Отклучувањето на телефоните ќе можат да го вршат и други страни, а се истакнува дека овој предлог, доколку биде потпишан, ја укинува и забраната на отклучување на телефони поради нивните повторни продажби во големи количини. Овие предлози се уште не се станати закони и потребно е двата предлога од двата дома да се изгласаат, како би ги потпишал и двата закони претседателот на САД Барак Обама.
