Економија, финансии, бизнис

Контакт

Села го урна шанкот-убиец на Пливалиште

Села го урна шанкот-убиец на Пливалиште
Како дел од акцијата за уривање на дивоградбите во Струга, деновиве беше срушен и шанкот- убиец на Пливалиште, каде пред три години од струен удар загинаа тројца стружани. Како што информира Канал 5 телевизија, отстранети се и повеќе платформи на плажата Галеб, кои беа дивоградби. - Нема да работам селективно. Ќе се почитуваат законите, во тој принцип општината го воспостави механизмот за работење и не ги рушам јас, нека ги руши законот и инспекциите, тоа е нивна работа - изјави градоначалникот на Струга, Зијадин Села. Села најави отстранување и на спорниот угостителски објект на вливот на реката Црн Дрим, кој минатиот општински совет, со одлука, се обиде да го легализира.  
Слично

Поврзани вести