Економија, финансии, бизнис

Контакт

Секоја зграда ќе треба да штеди струја – во спротивно се предвидуваат казни од 3-5 илјади евра

Секоја зграда ќе треба да штеди струја – во спротивно се предвидуваат казни од 3-5 илјади евра
Со цел да се зголеми енергетската ефикасност, Македонија воведува енергетски пасоши за јавните згради и енергетски контролори, пишува Телеграф.мк Иако Македонија спаѓа меѓу земјите со изразено ниска потрошувачка на електрична енергија на жител, кога ќе се спореди со развојот на економијата, трошиме и над пет пати повеќе од развиените западноевропски земји. Најголемите проблеми се јавуваат во квалитетот на изградбата на станбените згради, кои немаат добра термоизолација и се енергетски неефикасни. Со цел да се зголеми енергетската ефикасност според европски стандарди, Македонија воведува енергетски пасоши за јавните згради и енергетски контролори кои ќе ја контролираат енергетската ефикасност. Тоа е предвидено со измените на Законот за енергетиката и со новите подзаконски акти, кои веќе се донесени, но се чека да се обучи кадар. Директорот на Агенцијата за енергетика, Лазар Гечевски, најави дека до крајот на годинава ќе ги имаме првите енергетски контролори. За да се случи тоа, потребно е до крајот на овој месец да се утврдат тарифниците за цената на обуката и за полагање испит за енергетските контролори, како и за цената за вршење енергетска контрола. Предложената цена на лиценцата за енергетска контрола, според измените на Законот за енергетиката, ќе изнесува 6.000 денари за три години и 3.000 денари за продолжување за уште три години. Kолку ќе наплаќаат енергетските контролори за своите услуги, ќе покаже тарифникот, чие одобрување се чека од Владата. За непочитување на одредбите од Законот предвидени се казни од 3 до 5.000 евра во денарска противвредност.
Слично

Поврзани вести