Економија, финансии, бизнис

Контакт

Секоја жена треба да го знае и има ОВА!

Секоја жена треба да го знае и има ОВА!

Овие зборови ги напишала сценаристката Памела Редмонд Сатран, а ви ги пренесуваме да ве потсетиме да не случајно заборавите на нив.

Читајте и запамтете ги!

-Секоја жена треба да има доволно сопствени пари за да може да замине и да си изнајми стан дури и ако тоа никогаш не го посакува, или тоа никогаш нема да и биде потребно.

-Секоја жена треба да има нешто посебно што може да го облече ако изненадно има разговор за работа во компанијата на своите соништа, или за состанок на својот живот кој ќе се случи за час време.

-Секоја жена треба да има неколку гревови од младоста за кои, со задоволство ќе се среќава во староста.

-Секоја жена треба да има еден пријател кој секогаш може да ја развесели, и оној кој ќе ги брише нејзините солзи.

-Секоја жена треба да има барем едно парче мебел кој таа го купила сама, а не го наследила од семејството.

-Секоја жена треба да има чуство дека таа управува со својата судбина.

-Секоја жена треба да знае како да се заљуби, а не се изгуби себе си во оваа љубов.

-Секоја жена треба да знае како да даде отказ на работа, да напушти маж, да се скара со пријателот-и при тоа да ги сочува добрите односи со сите, во сите овие случаи.

-Секоја жена треба да знае кога да биде упорна, а кога да попушти.

-Секоја жена треба да знае дека не може да ја промени должината на своите нозе, ширина на колкови и свои родители.

-Секоја жена треба да знае дека нејзиното детство, не било совршено, но одамна веќе поминало.

-Секоја жена треба да знае што вреди, и што не вреди да се прави за љубовта, или поради нешто друго.

-Секоја жена треба да знае како да живее самостојно, дури иако тоа не и се допаѓа.

-Секоја жена треба да знае во кој може да има доверба, а во кој не-и зошто не треба тоа да го сфаќа здраво за готово.

-Секоја жена треба да знае каде да отиде кога нејзината душа бара утеха.

-Секоја жена треба да знае што може, и што не може да направи денес...

За месец дена...

За година...

Слично

Поврзани вести