Секој ден извлечете максимум од себе со овие три едноставни совети
Хал Елрод, автор на книгата „The Miracle Motning” забележал дека 95% од луѓето прават помалку од она што замислиле секој ден.
Тој по сообраќајната несреќа која ја доживеал, одлучил да оди на трчање и да слуша музика секој ден, со што го пронашол клучот кон успехот.
Елрод вели дека за да влезете и во тие 5%, мора да се пробудите.
Објаснува дека утринската рутина може да ви го промени животот и да ве направи побистри.
Вашата утринска рутина треба да биде време посветено на вас самите.
Ако секој ден одвојувате барем еден час време за себе, полесно ќе можете да си ги утврдите приоритетите.
Нашиот мозок е најактивен кога не е фокусиран на ништо.
Вашиот мозок ќе работи подобро ако се будите рано.
За да бидете одморни, наспиени, треба по 17 часот да се избегнува кофеин, шеќер, и да се изгасат компјутер и телевизор 45 минути пред да си легнете.
