СЕЕ ЛИНК овозможува полесен пристап на инвеститорите до регионалните компании
Пазарната капитализација на СЕЕ Линк денес надминува 38,5 милијарди долари, што е доказ дека напорите за создавање заедничка платформа за тргување на берзите од Загреб, Софија, Скопје, Белград и Љубљанаима светла иднина, рече Иван Такев, претседател на Надзорниот одбор на СЕЕ Линк и извршен директор на бугарската берза,посакувајќи им добредојде на учесниците на Меѓународната конференција на СЕЕ Линк 2017, што се одржа во Белград.
На конференцијата присуствуваа повеќе од 70 учесници од Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Македонија, Црна Гора, Србија и Словенија.
И покрај тоа што берзите не се сопственички поврзани, со поддршка на Европската банка за обнова и развојтие успеаја да создадат одржлива платформа за пренасочување на налози за тргување чија важност за економиите на земјите-членки и компаниите што котираат на тие пазари наскоро ќе биде видлива.
Учесниците на тркалезната маса разговараа за технички, правни и организациски предизвици што им претстојат во рамките на СЕЕ Линк. Тие се согласија дека е потребно да се решат некои споредни прашања со цел платформата да го постигне својот полн потенцијал, на што модераторот Ивана Гажиќ,претседател на УО на Загрепската берза, истакна дека тоа е долг процес за кој е потребна ангажираност од страна на сите учесници на пазарот на капитал.
На крајот на месец март оваа година се одбележува првата година од станувањето наСЕЕ Линк платформата целосно оперативна, истакна Такев. Откако се надминаа најголемиот дел од техничките и институционалните пречки, сега тргување преку платформата се одвива на дневна основа. Промотивните активности, како што е оваа конференција ќе помогнат во зголемувањето на визибилноста на платформата во иднина.
Плановите на СЕЕ Линк за наредниот период ќе бидат во насока на зголемување на ликвидноста на платформа, приклучување на нови берзи и брокери кон платформата, решавање на прашањата на прекуграничен клиринг и порамнување на трансакциите и зголемување на визибилноста на СЕЕ Линк преку организирање на заеднички конференции и roadshow-а.
