Седум причини зошто не треба да се откажувате
Ханс Бустер, тренер за личен развој и основач на Synergy Talents советува зошто не треба да се откажувате.
Тој наведува 7 причини зошто не треба да се откажете од вашиот бизнис или некаква идеја и како да добиете повеќе мотивација.
1. Мислите дека ви е тешко? Тоа не е причина за откажување
Ако треба да се помачите за нешто, не значи дека треба да се откажете. Потребен е напор за да стигнете до целта. Наградата за упорност е поголема од потешкотиите.
2. Никој не верува во она што го работите?Важно е вие да верувате
Сите белешки пишувајте ги на лепливи ливчиња и лепете ги на ѕид за да не ги заборавите.
3. Не може да се откажете затоа што никој не верува во вас
За да стигнете до целта немојте да се сомневате во себе.
4. Се плашите од неуспех?
Фокусот нека ве движи напред. Прифатете дека и неуспехот е дел од патот кон успехот.
5. Немој да се откажувате заради „проблеми“ на патот
Гледајте го тоа дека секој проблем е можност за напредок. Најдете начин да го надминете секој предизвик.
6. Не може да се откажете затоа што патот до целта трае предолго
Одлучноста се крие во вас. Ако ви се чини дека стагнирате, сепак можеби не е така и можеби сте близу до целта.
7. Не се откажувајте, туку уживајте во процесот
Многу пати нема да знаете кој е вистинскиот пат и ќе бидете фрустрирани. Поентата е да уживаме додека стигнеме до целта.
