Седум причини поради кои би требало да купите „Андроид“ а не „Ајфон“!
Сајтот „Бизнис инсајдер“ направи список со работи кои им даваат предност на „Андроид“ уредите над „Епловиот Ајфон“ паметен телфон.
-„Адроид“ подобро се синхронизира со „Гугл“ сервисите како што се “Гмаил“, „Гугл Мапс“ и „Гугл Календар“. Исто така, побрзо ќе добиете нови функции и опции за овие сервиси доколку користите „Андроид“ уред, што е и нормално со оглед на тоа дека зад овој мобилен оперативен систем стои „Гугл“.
-На многу „Андроид“ смартфони е можно да се замени батеријата. Ова е голема предност бидејќи можете испразнетата батерија во сред ден да ја замените со нова.
- Голем број „Андроид“ телефони ви дозволуваат да вметнете во нив СД катртичка за додатен простор за складирање на податоци.
- „Андроид“ телефоните ви дозволуваат да инсталирате разни апликации кои ви дозволуваат додатно да го прилагодите изгледот на начинот на кој вашиот „Home screen“ работи.
-Можно е да ги полните и да ги поврзете со компјутер, па пат на обичен „УСБ“ кабел кој е значајно подостапен од Епловото решение за полнење и поврзување кое компанијата го нарекува „Lightning plug.“
-На располагање имате исклучително поголем избор ако се одлучите за Андроид - од слаби па се до најјаки телефони со големи екрани и закривени дисплеи.
-Моментално може да набавите одличен „Андроид“ уред по цена дупло пониска од онаа по која се продава Ајфон.
Слично
