Седум книги кои секој успешен човек би требало да ги прочита
Не е лошо од време на време да прочитаме книги за успешни луѓе кои својот успех и богатство го стекнале со верна и вредна работа. Затоа со мали консултации составивме листа од најдобрите книги за претприемачите и претприемништвото кои излегоа оваа година.
1. „Originals“ Адам Грант
Оваа книга истражува на кои се начини можеме да ја препознаеме добрата идеја, да зборуваме а да не не замолчуваат, да оформиме добар тим, да избереме вистинско време за акција, да го контролираме стравот и сомнението, да поттикнеме оригиналност кај децата..
2. „AskGaryVee“
Оваа книга ќе ви даде добри совети поврзани за маркетинг, социјални мрежи, претприемништво како и како да го искористите Твитер при покренување на мал бизнис. Исто така во неа ќе дознаете како изнајмување на познати личности помага при создавање на личен бренд, како да „лансирате“ производ и да останете здрави...
3. „The Third Wave“ Стив Кејс
Покрај фалењата за сопствената личност што е типично за многу извршни директори, Кејс објаснува како технолошките компании, за да бидат успешни во иднина, мора повторно да промислат за нивната врска со потрошувачите, конкуренцијата и посебно со владата.
4. „Find Your Extraordinary“ Џесика Дилуло Херин
Оваа книга нуди грст идеи и статегии наменети за „прифаќање на сопствената индивидуалност која ќе ви помогне да верувате во себе и кога она што го сакате изгледа невозможно како и да соберете храброст и создадете сопствена дефиниција на среќа и успех“.
5. „Born for This“ Крис Гиљби
Книгата нуди совети со помош на кои може да најдете идеална работа и сјајни работни услови. Таа, исто така, дава совети за тоа како на најдобар начин да создадете планови кои ќе ви овоможат да „ризикувате паметно“ и заработите повеќе пари.
6. „Тhe Power od Broke“ Дајамонд Џон и Даниел Пејснер
Книгата има за цел да ви помогне да ги надминете финансиските проблеми и да ги свртите во своја корист така што со своите корисници ќе изградите супер однос, ќе ги изнесувате своите идеи на фантазиски начин, ќе останете насочени на своите цели и ќе изградувате оригинални решенија.
7. „Аlibaba“ Данкан Кларк
Книгата е напишана со намера да ја раскаже приказната за тоа како Џек Ма ја создаде Алибаба и претвори во една од најголемите светски компании, интеренет царство од кое милиони Кинези зависат, за процесот за неговото преминување од „обичен човек“ до икона на кинескиот приватен сектор.
