Сецканиот врат на „Екстрамеин“ повлечен од продажба – ако сте го купиле, не го јадете!
Сецканиот врат на месната индустрија „Екстрамеин“, кај кој беше изолирана опасната бактерија листерија, од вчера целосно е повлечен од продажба, информира Агенцијата за храна и ветеринарство.
Истовремено, производството во „Екстрамеин“ е целосно запрено, земени се мостри од суровините, одработните површини, машините и од сите оние делови каде што евентуално може да се најде Listeria monocytogenes, за да се изврши споредување со изолатите земени од заболените лица.
Првичните анаизи покажаа дека генетскиот тип на листеријата открена во овој производ со 98% се совпаѓа со оној откриен кај инфицираните пациенти.
„Граѓаните кои веќе го купиле, да не го консумираат производот сецкан свински врат од лотовите 07632 и 07633, со рок на употреба 21.07.2014 до 04.09.2014 година“, апелираат од Агенцијата за храна.
Слично
