Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се зголемува конкуренцијата, Триглав отвора трето пензиско друштво

Се зголемува конкуренцијата, Триглав отвора трето пензиско друштво

Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување - МАПАС ја известува пошироката јавност дека Заваровалница Триглав д.д. од Република Словенија достави Барање за основање на друштво за управување со задолжителни и доброволни пензиски фондови.Процесот за  основање ќе се одвива под целосна контрола од страна на Агенцијата согласно македонското законодавство во најдобар интерес на пензискиот систем.

Со овој чекор се потврдува стабилноста и сигурноста на пензискиот систем и претставува можност за поголема конкурентност и развој на пензискиот систем, како и повеќе можности за избор во интерес на членовите на пензиските фондови.

Слично

Поврзани вести