Се затвора најлуксузниот хотел на светот
По 86 години се затвора најлуксузниот хотел на светот, сместен во Њујорк, Waldorf Astoria.
Новите кинески сопственици одлучиле да го променат изгледот, за да хотелот биде поисплатлив.
Од отворањето во 1931 година низ хотелот поминале многу познати личности од политичкиот и општествениот живот.
Реновирањето почнува од 1 март и ќе трае најмалку две години.
Иако планот не е познат, сепак целта е да се направат луксузни апартмани, а на приземје ќе има и продавници.
Надворешниот дел е заштитетен, а внатрешноста не е, и може да подлежи на промени.
Слично
