Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се вакцинира добитокот против „јазлеста кожа“

Се вакцинира добитокот против „јазлеста кожа“

Во тек е вакцинацијата против „јазлеста кожа“ во Источна Македонија.

За три недели треба да заврши вакцинацијата против болеста во регионот на Делчево и Македонска Каменица каде се дистрибуирани 5.000 вакцини.

Процесот почна на 24 мај, а го спроведуваат две ветеринарни станици. Се вакцинираат само здравите грла, а по вакцинацијата месото не смее да се употребува седум дена, а за млекото нема забрана. Болеста се појави во делчевските села Габрово, Град и Разловци. Во Македонска Каменица е потврдена кај седум грла, а 49 биле однесени на усмртување во кланицата во Радовиш.  Слична е состојбата со болеста и во Малешевијата, каде беа уништени 50-тина грла. За спречување на болеста во регионите на Пијанец и Малеш се доставени 9.300 вакцини.
Бројот на заболени и сомнителни животни е 0.3% од вкупната популација на говеда во државата.
Слично

Поврзани вести