Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се укинува мерката за условен увоз на брашно

Се укинува мерката за условен увоз на брашно
Се укинува владината мерка за условен увоз на брашно со откуп на домашна пченица,  одлучи Владата откако биле изнесени и образложени сите аргументи за состојбата во мелничката индустрија. „ Имавме квалитетна дискусија на која утврдивме дека постои простор за укинување на мерката за да може да се дозволи увоз на брашно“, изјави денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски. Тој најави дека од почетокот на идната година уште повеќе ќе се заострат критериумите за увоз на брашно во однос на квалитетот.

„Секој што мисли дека во Македонија може да се пласира брашно со несоодветен квалитет, се излажал. Агенцијата за храна и ветеринарство ќе врши ригорозни контроли на сите испораки и увозни пратки, истакна Димовски.

Со мерката што ја воведе Владата пред жетвата, а со цел заштита на домашното производство и мелничко-пекарскиот сектор, трговците беа обврзани за секој килограм увезено брашно да купат четири килограми домашна пченица.
Слично

Поврзани вести