Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се спрема нов модел на најевтиниот автомобил „Тата“!

Се спрема нов модел на најевтиниот автомобил „Тата“!
Индиската автомобилска компанија Тата подготвува целосно нов модел , пишува аutoX . Автомобилот ќе биде компактен , со каросерија од композитни материјали , а за дизајнот одговара Марсело Гандини , творец на еден од најимпресивните автомобили на планетата. Тата е популарна по тоа што го нуди на пазарот најевтиниот автомобил во светот. Со својот нов модел , сепак, компанијата ќе обиде да добие имиџ на производител на добри автомобили. За тоа го најмија дизајнерот Марсело Гандини , кој во својата кариера има создадено машини како Lamborghini Miura и Countach , Lancia Stratos , Citroën BX , првата генерација BMW 5 - Series и многу други . Токму Гандини одговорен за дизајнот на новиот модел на Тата . Автомобилот ќе биде компактен , а каросеријата ќе биде составено од само 25 модули , при што ќе може лесно да биде претворена во кросовер или кабриолет. Моторот за овој модел ќе биде 1,0 -литарски со моќност од 90 КС. Овој мотор беше предвиден и за европската верзија на Tata Nano , која сепак не се појави на пазарот . Се очекува премиерата на новото возило да биде на автомобилскиот саем во Женева во март следната година.
Слично

Поврзани вести