Се продолжи рокот за избор на национален кириличен домен
Македонската академска истражувачка мрежа МАРнет го продолжи до 15 јануари рокот за гласање за избор на национален кириличен домен. Гласањето е на страната на МАРнет www.marnet.mk.
Целта на ваквиот избор, како што беше соопштено минатиот месец е преку користењето домени на мајчин јазик да се води грижа за зачувување на националниот идентитет, како една од заложбите и на најголемите земји во светот.
Во гласањето може да се вклучат сите заинтересирани граѓани, здруженија или правни субјекти. Предлогот што ќе освои најголем број гласови ќе биде ставен во официјалното барање за добивање кириличен домен за Република Македонија, кое ќе биде поднесено до ИЦАНН (Internet Corporation for Assigned Names and Numbers).
Слично
