Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се продава првото ферари на Џон Ленон

Се продава првото ферари на Џон Ленон

Во јуни ќе биде ставен на аукција во Англија првиот автомобил на Џон Ленон, ферари 330 ГТ од 1965. Тој може да достигне цена до 220 илјади фунти, соопшти компанијата Бонамс, која е организатор на аукцијата.

Познатиот член на Битлси го купил синото ферари во 1965 година, во периодот кога беше објавен и хитот „Ticket to Ride“. Ленон, кој тогаш имал 24 години, го купил автомобилот за 6.500 фунти и го возел три години, пред да го продаде.

Ферарито е во оригиналната боја и со оригиналната регистарација.

Слично

Поврзани вести