Се продава часовник од 16 век - колку чини?
Рачно изработен џебен часовник од 16-тиот век се продава на интернет.
Оглас за него е објавен на сајтот olx.bg, а објавената цена за продажба е 20 000 лева. Часовникот е дело на англискиот мајстор Даниел Кјоар, а според авторот на огласот антиквитетот е изработен од сребро. Сопственикот тврди уште дека сите слични часовници изработени од овој мајстор, се наоѓаат во моментов во приватни колекции или во Британскиот музеј.
На интернет се среќаваат многу огласи за антиквитети. Необичен беше огласот на кој се продава трамвај од 1959 година.
Слично
