Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се повеќе производители, консументи и поддржувачи на органската храна

Се повеќе производители, консументи и поддржувачи на органската храна

Денешниот органски ручек со Амбасадорот на Швајцарија во РМ, Н.Е. г-дин Стефано Лаѕарото и претставниците од седмата сила е доказ дека органската храна влегува на голема врата кај нас. Швајцарија е земја во која што има најголема потрошувачка на органски производи по глава на жител. Токму затоа таа е активен поддржувач на пошироката застапеност и достапност на квалитетна органска храна во Македонија.

rucek 3

Полека но сигурно целта се постигнува, а тоа е што повеќе производители, конзументи и поддржувачи на органската храна. Големо производство и побарувачка, одличен пласман, здрави луѓе и развивање на зелената економијасе главните теми за кои неформално разговараа Амбасадорот на Швајцарија во РМ, Н.Е. г-дин Стефано Лаѕарото и претставниците од медиумите,  присутни на органскиот ручек во резиденцијата на Швајцарскиот Амбасадор во Скопје.

rucek 4

,,Среќни сме што денес органските производи се се’ подостапни за македонските граѓани како преку Органскиот базар во Skopje City Mall, така и преку продавницата на Наша Добра Земја. Македонија како земја со квалитенти земјоделски производи има голем потенцијал за органско производство и се надеваме дека македонската трпеза ќе изобилува со се повеќе здрави и природни домашни органски производи. Швајцарија е среќна да биде дел од поддршката на органското производство во Македонија уште од 2005 година”.- изјави Амбасадорот на Швајцарија во РМ, Н.Е. г-дин Стефано Лаѕарото.

rucek 1

IME е програма на Швајцарската Агенција за развој и соработка и е имплементирана од Swisscontact и Преда Плус. Програмата има за цел да создава работни места и зголеми приходи за невработените и вработени мажи и жени во Македонија со посебен фокус на млади лица. Проектот ќе го олесни внатрешното зајакнување на мали и средни претпријатија, ќе го подобри квалитетот на производи и услуги, зголеми пазари и создаде добра средина за секторите туризам, креативни индустрии (ИТ и дизајн на производи) и зелена еконимија (органско земјоделие и одржливо градежништво). Првата фаза на проектот трае од 2014 до 2019 со финансиска поддршка од 7.5 милиони швајцарски франци.

Слично

Поврзани вести