Сè повеќе граѓани со болно срце, еве што препорачуваат лекарите
Бројот на луѓе со кардиоваскуларни и срцеви заболувања забрзано расте, алармираат лекарите. Дури 27 проценти од населението на Велес или 15.815 граѓани имаат болно срце.. Подеднакво заболуваат и мажите и жените.
Само минатата година минатата година во Република Македонија од болести на циркулаторниот систем починале 11.270 лица.
Лекарите апелираат луѓето да го променат начинот на живот за поздрав живот. Тие порачуваат граѓаните да бидат физички активни, да го намалат стресот и да го откажат алкохолот и цигарите.
Најризичен фактор за заболување се цигарите. Пушачите за 3-4 пати повеќе заболуваат од кардиоваскуларни болести во споредба со останатите.
Исто така опасен е холестеролот, високиот крвен притисок и дијабетисот.
