Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се појавија први детали за Samsung Galaxy Note 5

Се појавија први детали за Samsung Galaxy Note 5

Сајтот Sammobile.com соопштува  информации од IMEI база на податоци дека Samsung развива два нови флагмански модели смартфони со бројот на модели SM-G928S и SM-N920F.

За првиот со кодирано име Project Zen се тврди дека е варијанта на Samsung Galaxy S6, кој за возврат беше познат внатрешно како Project Zero.

Вториот модел би требало да е Galaxy Note 5 - паметен телефон, на кој му се припишува тајното име Project Noble.

За моментов останува нејасно што би предложила новиот вид на Samsung Galaxy S6, а бројот на моделот е доста сличен со моделот SM-G920 употребен за познатиот Galaxy S6.

Појавата на бројот на моделот укажува дека се развиваат и неколку специјализирани изданија за конкретни региони со европска, јужнокорејската и американската верзија.

Pocket-Lint ја прави претпоставката дека најверојатно станува збор за водоотпорна модификација на Samsung Galaxy S6, очекувана под името Galaxy S6 Active, но сосема е можно Zen да биде сосема поинаков модел.

Што се однесува до Galaxy Note 5 (Project Noble), можеме само да претпоставуваме какви подобрувања ќе има во наследникот на Galaxy Note 4.

Едно е сигурно - во последните неколку години најновите модели во серијата беа претставувани во почетокот на септември, па мирно можеме да направиме заклучок дека ќе го видиме тогаш. -

Слично

Поврзани вести