Се подбиваа со мене и ме пцуеа, но одам напред со главата горе: Љубовната приказна на Паула Купер Трајковски
Филмска приказна има љубовта на музичарката Паула Купер Трајковскиод Jужна Каролина и на Бојан Трајковски од Скопје. Се запознале во Ирак во 2009 година, а 11 години потоа успешно го градат својот заеднички живот во Скопје, како родители на петгодишниот Ноа. Паула, која на домашната јавност ѝ е позната по дуетот „Ocean Dreams“ со Гаро Тавитјан вели дека се соочувала со многу непријатности и предрасуди откако живее во Скопје. „Ми се случило луѓе да вперуваат прст кон мене, да ме нарекуваат со погрдни имиња, да се подбиваат со мене, па дури и да ме пцујат. Ме имаат нарекувано и со погрдниот збор што почнува на буквата „н“ ,и сето ова доаѓало од луѓе што мислеле дека се „кул“ и луѓе што, во суштина, се расисти “, раскажа шарматната пејачка за Женски магазин.
Читајте повеќе на линкот:
