Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се отвора првата продавница за стоки со истечен рок на траење

Се отвора првата продавница за стоки со истечен рок на траење
Во почетокот на 2014 година американски бизнисмен ќе ја отвори во Бостон првата продавница во која ќе нуди стоки со истечен рок на траење , објави ББС . Иницијатор на експериментот е Даг Раух , сопственик на синџирот супермаркети Trader Joes . Раух тврди дека продавниците се принудени да исфрлат огромни количества прехранбени производи , кои се уште се за јадење , но рокот им на употреба е истечен според правилата наметнати од регулаторот. Според зборовите на бизнисменот во новиот магазин ќе се нудат пред се пченкарен чипс , чоколадо , јајца , јогурт и млеко . Последните три наведени производот може да се чуваат многу подолго на соодветна температура . Јајцата ќе се задржуваат во текот на 3-5 недели во фрижидер на температура под 5 степени Целзиусови , а за да не скисне млекото тоа треба да се чува во фрижидер на  2 степени. Првата продавница за стоки со истечен рок на траење Раух ќе ја отвори во Дорчестер - кварт на Бостон , каде живеат претежно работници. Статистичките податоци покажуваат дека само во САД поради истечен рок на пакувањата се исфрлат 40 отсто од производите . При тоа во некои случаи тој датум не значи дека по истекот храната е опасна за здравјето , туку само дека вкусот и нејзините квалитети може да не бидат идеални/
Слично

Поврзани вести