Се отвараат пунктовите за откуп на тутун
Подготовките за откуп на тутунот се завршени и веќе од денеска се отвараат пунктовите на кои ќе се собира годинешната реколта. Од Сојузот на тутунските здруженија информираат дека осум компании завериле 240 мостри кои денеска ќе ги подигнуваат.
„Условите за старт на откупот се исполнуваат со подигнувањето на мострите. Сокотаб од Битола и Тутунскиот комбинат најавија дека денеска ќе ги отворат пунктовите во градот“, изјави претседателот на Сојузот Данчо Милески.
Според Милевски, интерес за откуп има зашто ориенталниот тутун се бара на пазарот.
„И овој откуп на тутунот е предвремен зашто официјалниот, законскиот почнува од 15-ти декември. Производителите двапати изминативе месеци имаа можност за откуп. Во септември и октомври се одвиваа двете фази од предвремениот откуп во кутии. Тогаш од планираните 4.450 тони се презедоа само 37 отсто по просечна цена од 157 денари за килограм, рече Милески.
Годинешната реколта се проценува дека ќе тежи 23.000 до 24.000 тони.
Слично
