Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се организира втората волонтерска акција You Are Not Alone (YANA)

Се организира втората волонтерска акција You Are Not Alone (YANA)
SWT Алумни Македонија и Младинскиот Совет при Американската амбасада во Македонија, поддржани од Aмериканската амбасада во Македонија, ќе ја организираат втората волонтерска акција дел од проектот You Are Not Alone (YANA). На 13-ти септември ќе се бојадисуваат оградите и ѕидовите на неколку градинки во Македонија, а на 14ти септември ќе се означат дел од планинарските патеки на Водно. Целта на акцијата е да се одбележи 9/11 Деност на сеќавање и служба со кој ќе се поттикнат луѓето, но и компаниите да бидат општествено одговорни преку грижата кон заедницата и животната средина. За да можат овие проекти да бидат реализирани потребно е сите вие да вложите во некој од овие два проекти, а за возврат секој вложувач ќе добие соодветна награда. Вложувањето може да се направи на следните линкови: За градинките: https://letsfundit.mk/Home/ProjectDetails/1148 За Водно: https://letsfundit.mk/Home/ProjectDetails/1150
Слично

Поврзани вести