Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се олеснува регистрацијата на трактори

Се олеснува регистрацијата на трактори

Дел од законските измени за возила кои се усвоени на последната владина седница е регистрацијата на трактори.

Според најновите измени кои денес ги соопшти министерот за економија Беким Незири тракторите наместо на една година ќе се регистрираат на секои шест години, технички преглед на секои две и е воведено задолжително мерење на емисијата на издувни гасови.

Според Незири, измените имаат цел да ги намалат трошоците кај земјоделците и да се зголеми безбедноста на сообраќајот , а воедно и да се овозможи почиста животна средина.

- Сите возила кои се увезуваат сега треба да поднесат барање до технички служби кое се процесира до Бирото за метрологија и да чекаат 15 дена. Сега се скратува рокот на 7 дена, истакна Незири.

Министерот го посочи случајот кога една станица за технички преглед прегледувала од 100 до 150 возила во работно време иако има една трака за прегледување, а со овие измени времетраењето стриктно се дефинира и со тоа, како што потенцира, конкуренцијата на сите станици ќе биде на исто ниво.

Слично

Поврзани вести