Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се одржа Регионалниот офталмолошки Симпозиум во Скопје

Се одржа Регионалниот офталмолошки Симпозиум во Скопје

Викендов се одржа Регионален офталмолошки Симпозиум на темата „Новитетите во офталмологијата“  акредитиран од Лекарската комора на Македонија, а во организација на  Систина Офталмологија, дел од групацијата на универзитетската клиника за офталмологија Свјетлост од Загреб.

Свои предавања на симпозиумот имаа специјалистите офталмолози проф. д-р Никица Габриќ,  доц. д-р Ратимир Лазиќ, д-р Маја Бохач и д-р Анте Баришиќ од Свјетлост од Загреб и тимот специјалисти офталмолози од Систина Офталмологија, д-р Златко Арнаудовски, д-р Виолета Бучкоска Николовска, д-р Билјана Костовска, д-р Фанка Гилевска и д-р Илир Османи. Учесници беа и многу специјалисти офталмолози од други земји, како и специјализанти што ги следеа предавањата.

„Среќен сум што колегите офталмолози се одзваа на нашата покана во волкав голем број и беа дел од денешниот регионален Симпозиум. Над 200 врвни офталмолози беа присутни денес, што само укажува на потребата од организација и реализација на што повеќе вакви стручни средби во насока на унапредување на струката, како и знаењата и вештините што ги испорачуваме до пациентите. Имавме гости од Косово, Србија, Хрватска и разменуваме искуства и сугестии за новостите во офталмологијата, поточно новите методи и техники што ги применуваме во катарактната, рефрактивната и витреоретиналната хирургија што даваат одлични резултати“ - изјави Др. Златко Арнаудовски - Медицински Директор иШеф на одделот за катарактна хирургија на Систина Офталмологија дел од групацијата на Универзитетската клиника за офталмологија Свјетлост од Загреб.

Систина Офталмологија веќе 7 години успешно  практикува нови трендови, инвестира во технологија и во знаење, финансирајќи специјализации на идни офталмолози што ќе продолжат да ги следат светските стандарди и да ги применуваат во офталмолошката практика во Македонија со поддршка на Универзитетската клиника за офталмологија Свјетлост од Загреб.

Двете очни болници континуирано работат на едукација на населението и подигнување на нивото на здравствената услуга, со врвно опремени технички простории и со најдобра медицинска опрема, успешно хармонизирајќи ги вредностите, критериумите и професионализмот.

Слично

Поврзани вести