Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се очекува богата жетва, ќе се заштити ли цената на пченицата?

Се очекува богата жетва, ќе се заштити ли цената на пченицата?

Во пелагониско годинава се очекува рекорден принос на пченицата или 5.000 тони по хектар.

Секоја година производителите имаат проблеми со формирањето на откупната цена на пченицата.

Ресорното министерството ќе ја заштитува откупната цена на пченицата  со три конкретни мерки.

„Оваа година од засеаните 80.000 хектари очекуваме рекорден принос од околу 300.000 тони пченица, нешто што не се случило во изминатите 10 години. Секогаш во овој период од годината земјоделците се соочуваат со проблемот околу откупната цена на пченицата и затоа уште сега во договор со нив преземаме мерки да ги заштитиме“- изјави министерот за земјоделство, Михаил Цветков.

Како превентива се планира складирање, откуп на пченица за државни резерви само од македонско потекло и ако  производната цена е повисока од откупната да има интервентен откуп со кој ќе бидат опфатени поголем број на стопнаства.

Слично

Поврзани вести