Се нуди финансиска помош за земјоделските задруги
Државата нуди финансиска помош за земјоделските задруги.
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, денеска објави повик за доставување барања за користење на средства од програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2016 година. Станува збор за мерката за економско здружување на земјоделски стопанства за заедничко вршење дејност и финансиска поддршка за основање и функционирање на земјоделските задруги.
Оваа помош ќе биде неповратна, а парите се предвидени за основање и функционирање на земјоделски задруги, регистрирани во Регистарот на земјоделски задруги во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Со парите ќе се покриваат дел од трошоците за основање на земјоделска задруга, помош за ангажирање на стручни лица, плата за лице управител на земјоделска задруга и слично.
Парите за оваа мерка се исплаќаат квартално по доставено барање за исплата.
Слично
