Се намалило производството на кравјо млеко и месо
Во текот на 2015 година се намалило производството на месо и кравјо млеко во Македонија во однос на 2014 година, стои во соопштение на Државниот завод за статистика.
Производството на кравјо млеко лани изнесува 361 072 илјади литри што е за 6,7% помалку во однос на 2014 година. Зголемување на производството во 2015 година, во однос на претходната година, е забележано кај овчото млеко за 14.3% и кај козјото млеко за 14.6%. Вкупното производство на месо е намалено за 3.3%, но производството на свинско месо е зголемено за 9.5% во однос на претходната 2014 година. Од другите добиточни производи, во 2015, во однос на 2014 година, забележано е зголемено производство на волна, а намалено е производството на јајца.
Слично
