Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се менува Законот за води, земјоделците ќе наводнуваат без дозволи

Се менува Законот за води, земјоделците ќе наводнуваат без дозволи
Ќе се менува  Законот за води на барање на земјоделците и рибопроизводителите. Ова се прави поради олеснување на постапките за стекнување со водокорисничко право за земјоделците и за корисниците на вода за рибници, кои поради сложеноста на постапките предвидени со Законот за водите неможат да ги користат средствата од ИПАРД програмата. „Со предложените измени се предвидува можност сопствениците и корисниците на земјоделско земјиште да можат да користат вода за наводнување без прибавување на дозвола, во случај кога земјиштето не е опфатено со систем за наводнување и кога потребните количини вода не надминуваат еден литар во секунда, појасни Министерот за животна средина и просторно планирање Абдилаќим Адеми. Најзначајните измени се предвидуваат во делот кој се однесува на заштита од штетно дејство на водите, каде се врши допрецизирање и подобрување на постапката за добивање на дозвола за вадењето на песок, чакал и камен од коритата и бреговите на водотеците, езерата и акумулациите, заради подобрување на режимот на водите, со цел дефинирање на надлежностите и воспоставување на контрола над вршење на оваа дејност со цел да се отстранат можностите за злоупотреба. Со новите измени и дополнувања исто така се регулира финансирањето на управувањето и развојот на водите, се определува висината и начинот на плаќање на надоместокот за миење и сепарирање на песок, чакал и камен.
Слично

Поврзани вести