Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се лажете ако мислите дека работите многу

Се лажете ако мислите дека работите многу

Вработените во Мексико во просек имаат најмногу работни часови во годината според податоците на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД).

Годишно просечниот Мексиканец работи со до 450 часа повеќе отколку американскиот функционер, но добива само една петтина од неговата плата. Општо земено 29% од Мексиканците работат повеќе од 50 часа неделно, а во просек годишно имаат работни часови околу 2 237.

Меѓу земјите членки на ОЕЦД работното време опаѓа со брзо темпо во Јужна Кореја. Владата активно ги намалува работните часови, за да се зголеми времето за одмор. Сепак просечниот вработен во Јужна Кореја работи околу 2 163 часа годишно, заземајќи го со ови резултати второто место во рангирањето.

Спротивно на она што повеќето луѓе го мислат меѓу европските земји Грците всушност работат најмногу. Вработените во Грција трошат во просек по 42 часа на работа, што ја става земјата на третото место на листата на земјите со најмногу работни часови годишно. САД се наоѓаат дури на 12 место, а за една година Американците просечно работат околу 1 788 часа.

rabotnici

K.K.

Слично

Поврзани вести