Економија, финансии, бизнис

Контакт

Започна извлекувањето на добитниците во наградната игра со фискални сметки

Започна извлекувањето на добитниците во наградната игра со фискални сметки
Почна извлекувањето од наградната игра ,,Фискална в рака-награда без мака “. Во играта учествуваат над 800 илјади коверти кои пристигнаа на адресата на Државната лотарија на Македонија. Главната награда е стан од педесетина квадрати во општината Аеродром, автомобил  Пежо 208 и дуќан. Наградниот фонд вклучува и повеќе  ваучери односно вкупно 153 награди вечерва . Голем дел од ваучерите се за прехрамбени артикли, компјутери, бела техника, велосипеди. Наградната игра има за цел да ја подобри фискалната дисциплина во државата. Вечерва се одржува првото коло , а извлекувања ќе има и во текот на цела 2014 година.
Слично

Поврзани вести