Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЕ ИСЕЛИЛ ВО НОРВЕШКА: Сега има плата од 4000 евра и еве како живее!

СЕ ИСЕЛИЛ ВО НОРВЕШКА: Сега има плата од 4000 евра и еве како живее!

Носталгија. Велат, таа го мачи човек до гроб. Е. барем таа болест ја прележав кога бегавме од Тузла од војната. Но, понекогаш на сред ноќ ми дојдат тие прашања кои знаат да го мачат човек кој оставил цело семејство, дом и познато. Како завршив баш овде на самиот крај на светот кога и самото сонце го заборавило-ја почнува својата приказна Момчило Мома Радовановиќ (40), кој од Србија отишол во Норвешка повторно да гради живот отпочеток.

Момчило по занимање е телевизиски монтажер, кој во Белград стигнал во деведесетите, бегајќи од војната. После неколку тешки години, успеал да си го среди животот и да се вдоми.

Се оженил, добил пет деца, и иако имало и добри периоди, воглавно се мачел. Затоа пресекол и се преселил на северот на Европа, како на децата би им обезбедил нешто. На овој чекор се одлучил откако на последната работа му доцнела платата.

„Мислев дека е крај на бегањето од војната и пеколот, но се излажав. Нема за кој не работев во Белград, по редакции , но и приватно. Наутро монтирав хроника, навечер свадба. И сите ми останаа должници и морав да молам за плата. Моментално водам три судски спора против своите поранешни работодавци од кои вкупно имам 12 000 евра побарувачка“, вели немоќно Мома.

Било премногу и не пронашол начин да „протурка“ некои заостанати исплати.

„Јас имам пет деца, од една до 13 години. И кога би се случувало некој да ми каже дека нема пари да ме исплати, јас, богами , му ги праќам децата во канцеларија. И тие убаво чукнат на врата, а кога дотичните им ја отворат вратата, му кажат: „Тато не испрати отсега па натаму ти да не храниш“. Тоа лето моите деца ги гледаа соседите како јадат сладолед и лубеница, а јас немав пари да им купам“, се сеќава Момчило. Веќе неколку месеци не ги видел децата и секој ден се грижи.


„Најмалата ќерка има година и неколу месеци. Ќе ме заборави детето. Се прашувам дали сум глупав што ги оставив децата да ми растат без татко? Знам колку им недостигам на сите и дека, кога ги прашаат за мене, тие велат: „Не знаете вие каков човек е нашиот татко. Отиде за да ни создаде нешто“, раскажува Момчило.

За работа во Норвешка чекал две и пол години и на огласите се пријавувал секој пат кога би видел дека се бараат работници.

„Знаете како ние на Балканот знаеме се да работиме и се разбираме по дома да поправаме и мајсторуваме. Така и јас научив да правам кујни и од тоа понекогаш дополнително заработував. Затоа се израдував кога видов оглас од фирма која соработува со познат шведски произведувач на мебел и која се занимава со монтирање на кујни и мебел“, вели овој храбар човек. Еден ден само го повикале и му рекле дека ја добил работата и дека мора да се пресели во Норвешка за седум дена.

Висок стандард

„Се согласил веднаш и немав време да размислувам за тоа каков ризик преземам и како ќе ми изгледа животот кога ќе ги спакувам куферите и жената да ја оставам сама да се грижи за децата додека јас не заработам доволно за да можам и нив да ги одведам таму. Најтешко ми беше да најдам и соберам околу 3000 евра за пат и трошоци за живот додека да се снајдам“, вели Момчило. Затоа и се изненадил кога во Норвешка, покрај договорот, веднаш добил и календар со плата за наредната година.

„Нема тука неизвесност, ниту молење, ни она лажно „утре ти легнуваат парите“, или она „следната недела“, што иако сум жив и здрав, никогаш не го дочекав. 

Во календарот Норвежаните забележале денови кога ќе ме исплатат. Платата ми е 4 620 евра. Работам десет часа и пет дена неделно. Ако ги надминеме часовите со работа, тоа секако дополнително се плаќа. По час сум платен 21 евро, а прекувремена работа се плаќа 50 посто повеќе од нормална саатница.

Норвежаните, вели Момчило, имаат сериозни закони кои ги штитат работниците. Исто така пред да почне да работи му набавиле опрема за работа во вредност од 1500 евра.

Ме однесоа во продавница, купија едно, друго, трето. Сметката која излезе човек да се шокира. Јас се исплашив кој тоа ќе го плати. Но , се извлеков“, се потсетува Мома низ смеа на првите норвешки спомени. Тронхајм е градче на север, сместен на најубавиот фјорд во Норвешка, со илјада годишни катедрали во кои се крунисуваат норвешките кралеви. Што се однесува до цените, вели дека стан и кирија плаќа 450 евра месечно, а дека храната е поскапа 50 посто повеќе од Белград.

„Храната е добра, посебно рибата, пивото во продавница чини околу 3 евра, но за цигари мора да се изгориш. Кутија чини 12 евра, па затоа луѓето по тутун одат до Шведска каде кутија може да се најде дупло поевтино. Постојат безброј автобуси кои те возат до супермаркети во Шведска. Велам бесплатни, но всушност ги плаќаат големите трговски центри, а ти за да се возиш бесплатно мораш на враќањето да покажеш сметка како доказ дека што си купил па ти вратат 50 круни кои првично ти ги наплаќаат“, објаснува Мома.

Го воодушевила цената на струјата

Она што го воодушевила најмногу била цената на струја.

„Струја месечно за едно четиричлено семејство излегува околу 50 евра,а притоа Норвежаните се греат на струја. Исто така, сите возат автомобили на струја. Кога се преселив ми беше интересно што секаде гледав „Тесла“ автомобили и полначи за нив на улица“, вели тој.

Момчило ги охрабрува сонародниците кои сакаат да побараат работа во странство.

„Бидете упорни, пребарувајте огласи на проверени сајтови. Можно е да се отиде, еве јас сум ви пример“, заклучува овој човек кој одамна се помирл со носталгијата и отишол да ја бара среќата на другиот крај од светот.

Слично

Поврзани вести