Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се доделуваат 20 стипендии за Универзитетот Шефилд

Се доделуваат 20 стипендии за Универзитетот Шефилд

Министерството за образование и наука распиша конкурс за доделување стипендии „Борис Трајковски“ за студии од втор циклус за извршната МБА Програма на Универзитетот Шефилд во Грција.

Во академската 2013/2014 ќе бидат доделени 20 стипендии за студии од насоките: општ менаџмент, маркетинг, финансии, логистичка поддршка и менаџмент во здравството.

Извршната МБА програма се реализира во Солун, за време на еден викенд во месецот. Стипендиите ги покриваат средствата за упис, а останатите средства се на товар на кандидатот.

Краен рок за пријавување е 15 септември 2013 година.

Слично

Поврзани вести