Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се дава под закуп државно земјиште до 3 хектари

Се дава под закуп државно земјиште до 3 хектари

Државата понуди на оглас државно земјиште во пет општини, а приоритет ќе имаат земјоделците кои живеат во близина и одгледуваат едногодишни и повеќегодишни култури.

Станува збор за 1.150 хектари во општините Свети Николе, Велес, Прилеп, Пробиштип и Радовиш. Земјиштето ќе се доделува за период од 15 години до 70 години, а еден земјоделец може да земе  до 3 хектари.

Изборот на најповолен понудувач се врши врз основа на највисока понудена годишна закупнина по хектар, а предност  ќе имаат мештаните кои живеат во близината на земјиштето.

Понудите се доставуваат  во рок од 30 дена од денот на објавувањето на јавниот оглас.

Слично

Поврзани вести