Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се ближи Велигден, АХВ ќе ги контролира јајцата и боите за јајца

Се ближи Велигден, АХВ ќе ги контролира јајцата и боите за јајца

Се ближи големиот христијански празник Велигден, а од Агенцијата за храна и ветеринарство апелираат до граѓаните да купуваат јајца и боја за јајца од регистрирани производители и увозници, соодветно означени.

Инспекциските служби на Агенцијата вршат контроли и кај домашните производители на бои за јајца, за исполнување на општите и посебните услови за безбедност на боите за јајца, односно  дали истите претставуваат опасност по здравјето на луѓето и не влијаат на нутритивниот квалитет на храната.

„Агенцијата за храна и ветeринарство, спроведува засили инспекциски контроли во производството, увозот, преработката, дистрибуцијата и продажбата на јајца и на боите за јајца. Се проверува потеклото на јајцата, односно дали истите потекнуваат од одобрени фарми или собирни центри, дали се обележани, се контролира рокот на употреба, начинот на транспорт и на чување на овој прехранбен производ“- велат од АХВ за Фактор.

Ако  граѓаните се соочат со вакви проблеми, со бои и јајца кои имаат сомнителен квалитет, можат да пријават во Агенцијата, лично, телефонски на бесплатниот телефонски број 0800 3 22 22, или електронски на info@fva.gov.mk.

Слично

Поврзани вести