Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се бараат берачи на малини во Србија

Се бараат берачи на малини во Србија

Се бараат берачи на малини во Србија, месец дена пред да почне бербата.

Во јавните гласила деновиве излезе оглас на кој се бараат берачи на малини. Производителите нудат сместување кај нив и три оброка дневно.

Во производство, преработка и пласман на малини работат од 30.000 до 35.000 луѓе со полно работно време, а сезонски се ангажираат 150.000 луѓе.

Поради неплански и стихиен раст на малините во последниве години, ќе недостига работна сила за берење на плодовите.

Дневниците за берачите се движат од 2.000 до 2.500 динари, а одредени газди плаќаат по 35 динари за набран килограм или 30% од вкупните набрани количини, но без оброци.

Лани Србија произвела 80.000 тони малини, со што изби на првото место во светот.

Слично

Поврзани вести