СЕ БАРА ВИНОВНИКОТ: Можни кривични пријави за фирми што го злоупотребиле извозот за Русија
Иако руските власти дадоа рок од една недела да се испита дали македонски фирми го злоупотребувале извозот на рускиот пазар и го кршеле руското трговско ембарго за ЕУ, македонската Влада на надлежните институции им наложила проверката да ја завршат за два дена.
Доколку се потврди дека некоја македонска фирма реекспортирала европски производи во Русија можни се и кривични пријави. Официјална Москва вчера се закани дека ќе воведе времена забрана на целиот увоз на храна од Македонија доколку се докаже дека земјава го крши ембаргото.
На руските власти им станал сомнителен зголемениот увоз на некои производи од Македонија, пред се јаболка и компири.
„Ќе направиме детално истражување и ако утврдиме дека постои такво нешто, ќе се преземат сите законски мерки за покренување кривични постапки против поединците или фирмите кои го направиле тоа“, вели миистерот за економија Беким Незири.
Во деталната проверка на потеклото на извезената стока ќе се вклучат Царинската управа, Агенцијата за храна и ветеринарство, Државниот инспекторат за земјоделство, но и МВР.
Македонија е една од ретките земји во Европа за кои досега не важеше руското ембарго, што внесе оптимизам кај производителите на храна дека е можно зголемување на извозот кон Русија.
Слично
