Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ ветува зголемени субвенции за земјоделците

СДСМ ветува зголемени субвенции за земјоделците

Пратеникот  Горан Сугарески вчера беше во посета на Крушеани, општина Кривогаштани каде што се сретна со жителите на тоа место кои се жалат да тешкото секојдневие.

Крушеани е место во кое времето како да застанало. Земјоделците се соочуваат со многубројни проблеми а во 21 век се без вода, канализација, амбуланта, пат...

Жителите се пожалија на тешкото секојдневие, земјоделците на проблемите со коишто се соочуваат и тешката состојба во којашто се наоѓаат.

На Сугарески тие му се пожалиле дека за нив нема субвенции и дека сите пари завршуваат во џебовите на луѓе блиски до власта, а вистинските земјоделци мака мачеле.

Сугарески во име на опозицијата вети дека субвенциите за земјделците ќе бидат зголемени на 160 милиони евра и ќе им бидат доделувани на вистинските земјоделци.

Слично

Поврзани вести