Економија, финансии, бизнис

Контакт

Сарај и Ѓорче утре без вода

Сарај и Ѓорче утре без вода
Жителите од високата зона во населбата Ѓорче Петров утре ќе останат без вода за пиење, јави Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје. Вода ќе нема и за жителите од скопските села Љубин, Крушопек, Арнакија, Грчец, Шишево, Глумово, Горна и Долна Матка. Според најавите станува збор за прекин поради отстранување дефект на затворач од водоводна цевка на ул. „4“ во селото Сарај, од 8.30 часот па се до завршувањето на интервенцијата.
Слично

Поврзани вести