Санторини – Островот со најубаво заоѓање на сонцето
Санторини, ги нуди најспектакуларните пејзажи во Грција па и пошироко. Секоја година, илјадници туристи го посетуваат Санторини за да го посетат поплавениот вулкан Калдера.
Оиа, местото со најпознатите и воодушевувачки сончеви заоѓања. Бели куќи и плави прозори создаваат неверојатен контраст со црните вуклански карпи кои се издигаат од морето. Оваа слика нуди вечна инспирација за многумина уметници и посетители. Тука се селата Фира, Фиросефани, Иммерговигли и Оиа, која вреди да се посети. Велат дека заоѓањето на сонцето е најубаво во Санторини. Од Калдера се гледа волшебниот поглед на вулканот и соседните острови.
Долгите песочни и школкливи плажи, куполи на цркви и остатоци од минатото се гледаат на секој дел од островот. Пробајте ги познатите грчки специјалитети во некој од бројните ресторанти. Островот Санторини е познат и по својот ноќен живот но и по романтичните кафичи на плажите.
Луѓето од цел свет доаѓаат на Санторини за да ја осетат магијата во која ужива светскиот џет сет или за да се венчаат и да ја потврдат својата љубов.
