Samsung жали за Galaxy Note 7, го враќа на продажба?
Samsung изгледа не е подготвен да се откаже од Galaxy Note 7 телефонот.
Компнијата претрпе огромни загуби, но и го наруши угледот и кредибилитетот, поради тоа што морала да го повлече својот нов телефон кој експлодираше неколку пати.
Така Galaxy Note 7 неславно замина во историјата.
Меѓутоа, сега извори блиски до Samsung велат дека тој модел на телефон би можел да се врати на пазарот во текот на 2017 година. Како што се наведува компанијата разгледува да ги поправи сите модели кои требало да ги уништи.
Доколку се случи тоа, Galaxy Note 7 би се продавал по пониска цена и со ознака „refurbished“.
Не се знае дали таков модел би им се нудел на сите пазари, или само во некои земји.
Слично
