Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Samsung“ со нова одлична функција

„Samsung“ со нова одлична функција

Најголемиот јужнокорејски производител на електроника и апарати за домаќинство - компанијата Samsung Electronics, доби патент за технологија за анализа на количеството масно ткиво во човечкото тело со помош на smartphone.

Извештајот е објавен на сајтот на Светската организација за интелектуална сопственост. Јужнокорејскиот производител тврди дека изработениот од нив метод ќе овозможува да се одреди количината масно ткиво во телото на човекот, додека носителот на smartphone едноставно го држи во подадена рака пред себе.

За одредување на масното ткиво од вкупната маса на телото смартфонот ќе користи четири електроди, кои ќе бидат поставени паралелно во парови.

Сеуште нема информации кога токму Samsung Electronics планира да започне со имплементација на развиената технологија.

Слично

Поврзани вести